Компромис е сѐ уште можен, но љубовта не може да дојде само од една страна

0
398

Работната група за спроведување на обврските од договорот од Пржино ќе ги продолжи преговорите за реформите во медиумите денеска во 15 часот.

Посредникот во преговорите Питер Ванхојт утрово повторно преку Твитер испрати порака: „Уште еден ден од преговорите. Компромис е сѐ уште можен, но љубовта не може да дојде само од една страна“.

По завршувањето на синоќешните преговори, Ванхојт на Твитер напиша: „Средбата на работната група за медиумските реформи заврши за денеска. Има прогрес, па ќе продолжиме со дискусија и утре попладне“.