„Комуналец“ пред битолските советници

0
731

Битолските советници денес дискутираа за планот и работата на Јавните претпријатија во Општина Битола. Прво се зафатија со „Комуналец“ кој беше прва точка на дневен ред. Од опозицијата коментираа дека парковите не биле онака како што се прикажани.

-Во близина на ОУ„Коле Канински“ тука може некој и коноп да засади. „Комуналец“ води сметка, чека да порасне два метра и после ја косат, со рачната косачка, рече Златко Ќурчиевски, советник од СДСМ.

-Ако се во минус, зошто се во минус. Ако се во плус, зошто се во плус. Крајот не ви се наоѓа. Наредниот пат кога ќе бносите слики, донесете од оние кај паркот „Стив Наумов“, Градскиот парк и други.

Од опозицијата коментираа.

-Ми смета кога од оваа говорница се прави политички маркетинг и кога се фалат Јавните претпријатија како да се гради вселенски брод, рече Габриела Илиевска, советник од ВМРО НП.

На седницата беше и директорот на претпријатието, кој одговораше на прашањата на советниците.

-Имаме разидување на перцепциите на нештата, во секојдневието ме среќаваат граѓани, ваши сопартијци и ми кажуваат дека сте успешни како претпријатие, рече Зоран Соклевски, директор на „Комуналец“.

За успешното работење рече:

-Успешното работење не било до директорот, било до нешто друго. Можеби е до граѓаните, имаме најдобри граѓани, зашто имаме највисок процент на наплата, вели Соклевски.

На дневен ред беа и плановите за работа на „Никоградба“, „Пазари“, „Водовод“ и „Жабени“.