Комуналното претпријатие од Ресен доби ново возило

0
539

Преку проектот за Заштита на Преспанското Езеро спроведуван од страна на УНДП и Општина Ресен а со донаторски средства од Швајцарската Агенција за соработка, возниот парк на  JКП од Ресен збогатен со ново  возило за изнесување на цврст отпад. Возилото за транспорт на цврст отпад е со зафатнина од 6 метра кубни, а ќе биде наменето за опслужување на домаќинства во делови од населбите каде улиците се тесни. Вредноста на возилото е 3 800 000 денари.

Изразувајќи благодарност кон донаторот , Швајцарската агенција за соработка, Градоначалникот на општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски истакна дека оваа активност преку набавка на ова возило ќе обезбеди дополнителна поддршка за ЈКП Пролетер кој пак во делот со управување со отпад покрива над 905 од населението во Општината. Дотолку повеќе зголемувањето на капацитетите за управување со отпад се значајни што за време на летната туристичка сезона е зголемена потребата од изнесување и транспорт на отпад и ова возило ќе помогне кон амортизирање на состојбата во летниоот период.

Во рамки на истиот прокт, неодамна општината  за ЈКП Проелтер набави и  ровокопач и друга дополнителна техничка опрема во вид на инструменти и апарати кои, како што потенцираше градоначалникот Стрезовски  ја зголемуваат оперативна моќ на ресенското комунално претпријатие.

Проктот за заштита на Преспанското езеро кој покрај компонентата за подршка во управувањето со отпад има компоненти и во делот на управување со водите, земјоделието, компостирање, едукација и грантирање за фармери се спроведува од 2012 година со средства во виснина од 6,5 милиони франци.