Конечниот договор на Косово и Србија ќе оди на референдум

0
232

Претседателот на Косово Хашим Тачи изјави дека дијалогот со Србија влегува во нова фаза и дека за конечниот договор, кога ќе биде склучен, ќе биде организирано референдумско изјаснување.

Тој за време на престојот во Брисел за Радио Косово изјави дека очекува Косово да формира „екипа на единство“ во која ќе бидат претставници на сите политички партии и граѓанското општество.

Според него, останале голем број отворени прашања, но дека не може да се преговара бесконечно, а процесот на дијалог треба еднаш засекогаш да се заклучи.

 

 

 

 

Без коментари