Конечно македонско славје во Охрид: Поп Ацев прв го преплива маратонот!

0
437

Евгениј Поп Ацев победи на 29 издание на Охридскиот маратон, во рамките на Гран при серијата на Светската пливачка федерација, ФИНА. Поп Ацев е првиот Македонец кој триумфирал на еден од најпрестижните маратони во Гран при серијата на ФИНА. Успехот на Поп Ацев е надополнет со третото место кое го освои Томи Стефановски. Нашиот најдобар маратонец славеше пред Бразилецот Вангелсита и вториот Македонец Томи Стефановски. Поп Ацев кој со оваа победа го презеде првото место во генералниот пласман во целта имаше време од 5:39.03 часа. Во женска конкуренција прва на целта стигна Италијанката Аличе Франко (5:44:03 часа), пред Русинката Ана Манкиевич и Шпанката Естер Нуњез. Наградниот фонд изнесуваше 10.000 американски долари, а покровител на маратонот е претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов.

ФОТО: www.ohridnews.com