Конференција посветена на Самитот Париз Балкан 2016

0
291

Во Министерството за надворешни работи на Република Македонија денеска ќе се одржи конференција на тема „Париз Балкан 2016 – Клучни предизвици и очекувања на Република Македонија“.

Конференцијата, како што е најавено, ќе ја отворат министерот за надворешни работи Никола Попоски и амбасадорката на Франција Лоранс Оер.

На конференцијата предавање ќе одржи амбасадорот Антоан Грасен, задолжен од страна на француската Влада за организација на Самитот за земјите од Западен Балкан што ќе се одржи на 4 јули оваа година во Париз. Грасен, како што најави Француската амбасада во Скопје, ќе направи презентација на Самитот и на темите што ќе бидат опфатени на настанот, а еден дел ќе биде посветен на регионалните инфраструктурни проекти и дополнителните мерки од областа на транспортот и енергетиката, тема која ќе има значајно место на самитот.

На конференцијата во МНР најавено е и присуство и на амбасадорите на Република Австрија, Ренате Коблер, на Германија, Кристине Алтхаусер и на Италија, Ернесто Белели.