Конгресната група пријатели на Македонија доби четири нови членови

0
194

Конгресменот Пол Кук, републиканец од Калифорнија, конгресменот Дон Бејер, демократ од Вирџинија, конгресменот Курт Клосон, републиканец од Флорида и конгресменот Брендон Бојл, демократ од Пенсилванија, се приклучија во Конгресната група пријатели на Македонија и Американци со македонско потекло, соопшти Обединетата македонска дијаспора.

Групата сега брои 24 конгресмени, од кои 13 се републиканци, 11 демократи.
„Овој успех е производ од зголемениот активизам на Американците со македонско потелко како и растечката поддршка од членови на американскиот Конгрес кои ја разбираат важноста на односите помеѓу САД и Македонија. Пристапувањето на четирите нови конгресмени кон оваа група претставува подобрување на можностите да се обезбеди објективен дијалог за прашања од значење за Македонија и американци со македонско потелко”, изјави претседателот на ОМД, Методија А. Колоски.