Конгресот на САД во буџетот предвидува ставка за смртоносно оружје за Украина

0
185

Американскиот Конгрес во нацрт законот за воениот буџет на земјата вклучил амандман кој претпоставува обезбедување на снабдувањето на Украина со смртоносно оружје, пишува во петокот весникот The New York Times.

Според сознанијата на весникот, измените во предлог буџетот внесени од страна на Сенатот, се направени за да се обезбеди испорака на прозападните власти во Киев на противтенковски ракетни комплекси, минофрлачи, гранати и муниција.

Предложените услови од страна на американските законодавци, не ѝ овозможуваат на администрацијата да потроши повеќе од половината од 300-те милиони американски долари, доделени како помош за Украина, доколку 20 отсто од оваа помош не биде изделена за смртоносно оружје, пишува весникот. Се потсетува дека слични мерки беа донесени и во Претставничкиот дом.

САД веќе ѝ дават на Украина воена помош, каде што на истокот од земјата силите лојални на Киев војуваат со рускојазичните бунтовници, за кои Западот тврди а Москва негира, дека се помогнати и со опрема и со луѓе од руската војска.

Досега американскиот претседател Барак Обама, се противеше на испораката за украинската војска на смртоносно/офанзивно оружје, сметајќи дека тоа може да доведе само до разгорување на конфликтот во кој од април 2014 година во областа Донбас досега загинале над 6.400, од кои повеќето цивили, според Обединетите нации