Коњи низ градот

0
669

Коњите кои ги забележавме пред околу две недели и денеска ги сретнавме на зелените тревни површини во Нова Битола. Сега на друга локација, но во ист состав. Согласно позитивните законски норми ваквата слика е недозволива и казнива. Денеска прашавме во општина Битола што тие презеле или ќе преземат.

12782030_1155690967776918_488164792_n

„ Општинскиот Инспекторат – Одделение за комунална инспекција и заштита на животна средина континуирано врши акции за отстранување на крупен добиток и живина на јавните површини на подрачјето на Општина Битола. Согласно сторен прекршок според член 14 од ЗЈЧ предвидена е мандатна глоба во износ од 50 евра  во  денарска противвредност која ќе му се изрече на физичкото лице доколку истото врши напасување на добиток. Одземениот крупен добиток и живина се носи во Зоолошката градина каде соодветно се сместува и за истиот се наплаќа дневно по Тарифник“ , стои во соопштението од општина Битола. И ги повикуваат граѓаните доколку забелажат ваква состојба да пријават во инспекторатор на општината.

12784230_1155691027776912_1136165193_n