Конкретни предлози од „Чкембарите“ за излез од битолската спортска криза

0
1912

На трибината која ја организираа навивачите а на која цел беше да се дискутира за кризата на битолскиот спорт, имаше голем број заинтересирани, но претставник само од ракометниот клуб. Координаторот на РК Пелистер, Стевче Стефановски го објасни новиот проект, но изостана расправа за случувањата во фудбалскиот клуб, иако присутни беа голем дел од фудбалерите на Пелистер.

DSC_0296_800x532Навивачите излегоа со конкретни предлози, во кои се заложија сите навивачи редовно да плаќаат билети за спортските натпревари во градот. Ветија подршка на сите клубови, посебно на ракометарите, а изразија и скептичност околу фудбалскиот клуб. Заклучоците од трибината ќе бидат доставени до општина Битола, која е акционер во голем дел од битолските клубови. Денес на фудбалскиот меч од Втората лига помеѓу Пелистер и Тетекс во Прилеп и на ракометниот меч Пелистер – Тинекс Пролет, на спортските борилишта „Чкембарите“ ќе го заокружат своето неделно прославување на јубилејот.

DSC_0301_800x532Истиот се поклопува и со јубилејот – 60 години ракомет во Битола, кој го организира РК Пелистер под мотото „Срце, душа, традиција„.