Конте: „Израел и Македонија се најсилните селекции од четвртиот и петтиот шешир„

0
1205

Селекторот на Италија, Антонио Конте искажа позитивни зборови за македонската репрезентација по жрепката на групите за квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 година. „Според мене ги добивме најтешките можни противници од четвртиот и од петтиот шешир, Израел и Македонија. И средбите со Албанија ќе бидат интересни. Да не ја спомнувам Шпанија. Ова ќе биде мошне интересна група„ изјави Конте за „Тутоспорт„. Првопласираниот оди на Мундијалот, а второпласираната селекција има шанса за бараж.