Контејнери за пластичен отпад за жителите од Буковска населба

0
758

Околу 500 домаќинства од Буковска населба добија специјални садови во жолта боја за одлагање на пластичен отпад, кои Јавното претпријатие комуналец гии додели бесплатно со цел зачувување на животната средина.
Жителите задоволни од ваквата донација

ziteli

Специјалните садови за селектирање на отпадната ПЕТ пластика се донација од „Пакомак“, друштво кое управува со отпад од пакување.Во изминатите две години досега ЈП Комуналец има распределено околу 2000 садови за пластичен отпад. Во наредните денови пак ќе се започне со собирање и на отпадно стакло.
kontejner 2
Согласно законот за управување на отпад и согласно одлуката на советот на општина Битола секој корисник дали е правно или физичко лице треба да поседува сад со унифицирана боја за комунален отпад. Од ЈП Комуналец апелираат до граѓаните секој кој досега не поседува таков сад да го набави во најскоро време, бидејќи комунални инспектори ќе вршат проверка по домаќинствата .