Контра кадар повторно со филмски проекции

0
536

После паузата во јануари, дебатното кино Контра кадар, продолжи со своите активности. Овој месец го посветија на љубовта но и на повеќе теми и табуа поврзани со неа. 4-те филмови кои се прикажуваат овој месец отвараат бројни прашања.

Првата проекција беше со филмот на Ошима, базиран на вистинска случка од 1930та година, во Јапонија.

На дискусијата гостин беше Жарко Трајановски, активист за човекови права.

И наредните проекции во Контра кадар поврзани со табуата.

Денес ќе го прикажат филмот Лолита, филм на легендарниот Стенли Кјубрик од 1962 година, базиран на истоимениот роман на Владимир Набоков.

После филмот, ќе се дискутира за антропологијата на интимноста во македонската народна култура, гостин ќе биде Ана Ашталковска Гајтановска – доктор на етнолошки науки на Институтот за етнологија и антропологија (ИЕА) при УКИМ – Скопје.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY