Концентрациите на јаглерод диоксид во светот надминаа уште еден праг

0
242

Глобалните концентрации на јаглерод диоксид го надминале во март,  што првпат на  глобално ново од кога се регистрираат податоците, прагот од 400 честички на милиони.

Порастот, во прв ред, се припишува на согорувањето на фосилните горива, се наведува во извештајот на американската Национална управа за океани и атмосферата (National Oceanic and Atmospheric Administration – NOAA).

Од прединдустрискиот период глобалните концентрации на јаглерод диоксид пораснале за повеќе од 120 честички на милиони, а половината од ова зголемување се случило по 1980 година. Емисиите на јаглерод диоксид, инаку се ден од индикаторите за климатските промени.

„Прашање на времето само беше когаш ќе дојдеме на 400 честички на милиони на глобално ниво., Да се достигне 400 честички на милиони, како глобален просек, претставува значаен праг“, изјави главниот научник на NOAA, Пјетер Танс.
Концентрацијата на јалгерод диоксид првпат надминала 400 честички на милион досега само на Арктикот во 2012-та и на Мауна Лоа на Хаваи во 2013 година.

NOAA ги собира податоците за глобалната концентрација на јаглерод диоксид во воздухот од промероци земени од 40 станици низ целиот свет, вклучително и од некои од најоддалечените острови.