Концерт на етно групата „Монистра“ во Битола

0
190

Центарот за култура од Битола понуди исклучителна можност за уживање со звуците на етно групата „Монистра“.

Во својата богата историја, етно составот „Монистра“ има забележано бројни успешни настапи не само пред домашната публика, туку и во странство.

Бендот е формиран во 2002 година и карактеристично за нив е што создаваат музика базирана на македонски фолклорни мотиви, кои се аранжирани во современ и модерен звук.

Александар Јовевски кој е член на групата „Монистра“ вели дека на тој начин ја збогатуваат македонската музичка традиција, а воедно ги задоволуваат и вкусовите на младите слушатели.

monistra3.jpg

Со досегашните концерт и настапи во Република Македонија и на меѓународни фестивали, групата „Монистра“ се етаблира како многу успешен презентер на македонската етно музика кое се следи со силно внимание. Особено ја негува неправилната ритмика по кој се препознава македонската песна и оро.

Етно составот „Монистра“ покрај настапите во Македонија, досега имала концерти во Данска, Шведска, Франција, Хрватска, Израел, Египет, Италија, Турција, Словенија и многу други.