Концерт на Каролина Гочева во Битола

0
1046

Првиот концерт,  закажан во нејзиниот роден град Битола ќе се оддржи вечерва, во четврток на 23-ти овој месец, каде Каролина со својот бенд ќе има голем самостоен концерт во античкиот локалитет – Хераклеа. Ден потоа, петок 24-ти јули Каролина ќе оддржи концерт во античкиот театар во Охрид.

Оваа мини турнеја Каролина ја завршува на големиот македонски празник Илинден, на 2-ри август, кога таа свој концерт ќе оддржи во Дојран во Градскиот парк, каде сите нејзини фанови од околните градови, а и пошироко ќе можат да го слушнат и погледнат она што таа ќе им го претстави и понуди.

Интервјуто гледајте го во Актуел на Тера 16:55 и 20:55.