Концерт на солисти од камерната опера Кирил Македонски

0
428

Во Народниот Театар – Битола, пред битолската публика во рамките на десеттото културно лето БИТ ФЕСТ 2015, се изведе оперскиот концерт на солисти од камерната опера „Кирил Македонски“.

Концертот го отвори младата пијанистка Горјана Стојановска, која ја отсвири Сонатата бр.5 од Скрјабин. Покрај овие досегашни проекти веќе се работи на нови, во рамките на оваа камерна опера.

Значењето за опстојувањето на камерната опера, која го носи името на композиторот на првата македонска опера Кирил Македонски е големо-истакна академик Здравев.

Солисти на концертот беа Билјана Талевска, која ги изведе ариите од операта „Гоце“ од Кирил Македонски, а крајот го круниса со аријата на Кунегомде од мјузиклот „Кандид“ на Леонард Бернстејн.

Кулминација на вечерта беше изведбата на Павлина Накова Георгиев со аријата на Лејди Магбет од истоимениот „Магбет“ на Верди.

 

 

Без коментари

LEAVE A REPLY