Концерт на Тасевски трио

0
817

Вистнско врвно ужување преку симбиоза на класичен и модерен џез со примеси на македонска традиционална музика, украсена со генијалниот талент на врвните музичари Тасевски, Димитровски , Милевски се одржа во дворот на магазата во Битола.
Во преполната Магаза, овие музичари, пред верната публика се претставија со изведби на композиции од светски познати композитори со преработен аранжман на повеќе дела.
Концертот беше во рамките на битолското културно лето а музичарите сметаат дека тоа е идеална сцена за сите уметници.
Битолската публика уживаше во делата на Хазор Џон Зорн, Џанго Рејнхарт, Стефан Грапели, Пиацола и други.