Концерт на женскиот младински хор при МКЦ Скопје

0
341

Во битолскиот Завод и музеј, се одржа концерт на младинскиот женски хор на МКЦ од Скопје.
Овој хор, е еден од ансамблите со најдолга традиција во Македонија. Во својата 42 годишна историја хорот нанижал огромен број успеси, промовирајќи ја македонската хорска традиција на најдобар можен начин.

Појавата на Женскиот младински хор, во некогашниот Дом на млади „25 Мај”, а сега Младински културен центар, датира од 1972 година. Негов основач е истакнатиот професор од Факултетот за музичка уметност во Скопје и диригент, Драган Шуплевски.
Од март 2004 година, хорот го превзема диригентот Сашо Татарчевски
Хорот има одржано голем број концерти во Македонија, вклучувајќи го и учеството на најреномираната музичка манифестација „Денови на македонска музика.
Тука се турнеите во Швајцарија, Турција, Бугарија, Италија, Полска, Чешка.

Хорот е добитник на многубројни награди и призннаија на реномирани музички фестивали ширум светот меѓу кои-освоената втора награда и сребрена плакета на фестивалот во Римини, Италија,први награди за најдобро изведена обврзна композиција и наградата на композиторот Бохуслав Мартину, освоените први две награди на фестивалот во Петриње, Република Хрватска и многу други а тука е и проектот –
соработката со младиот композитор Александар Пејовски и снимањето на ЦД со праизведби на нови композиции.

Освен на фестивали со натпреварувачки карактер, Женскиот младински хор на МКЦ има учествувано и на голем број фестивали со ревијален карактер, успешно презентирајќи ја музичката култура на Македонија.
Секогаш свежиот и разновиден репертоар, како и стандардно високиот квалитет на изведба се заштитен знак на хорот и секако едни од важните фактори во континуираните успеси на домашната и меѓународната сцена.

Неда Маретиќ