Концерт посветен на госпел музиката преку концертот на Howard Gospel хорот од САД

0
416

Битолската публика имаше ретка можност, да ужива во настапот на Американскиот „Howard Gospel“ хор, имено првиот академски хор од ваков вид во светот. На нивниот репертоар се наоѓаат композиции од современата и од традиционалната американска госпел-музика, црковни химни и др. Во овие композиции најчесто се опфаќаат темите за Исус Христос и за христијанството.

Хорот е основан во 1968 година, и е составен од сегашни и поранешни студенти на Ховардскиот Универзитет, како и од пасионирани љубители на хорската музика.
Патуваат многу низ САД. а од неодамна започна турнеја низ европските земји како Данска, Италија, Црна Гора, Хрватска,Шведска, каде публиката пее заедно со нив.
При гостувањето во некои од овие земји, хорот одржува и работилници и мајсторски школи, на кои учесниците се информираат за госпел-музиката, но и воопшто за вокалното пеење.

Во Македонија, истакнаа дека се чувствуваат одлично и среќни се ако повторно би ја имале можноста да настапат тука, а пред се се воодушевени од гостопримливоста на македонците.

Со вакво големо искуство, овој хор продолжува да ја исполнува својата мисија, користејки ја музиката посветена на Исус, како средство за еманципација, но пред се запознавање на луѓето ширум светот со нивната култура и музичка традиција.
Хорот е под диригентска палка на Региналд Голден, превенец на универзитетот Харвард .

На крај ја испеаа песната Happy day,во чија изведба им се придружи битолската публика.