Концерт во чест на професорот Пеце Митревски

0
1123

Државното музичко училиште изведе концерт во чест на професорот Пеце Митревски.

Оваа година музичкото училиште слави 70 годишен јубилеј. 70 години од постоењето на училиштето кое децении е расадник на музичари.

– Тоа е повод да се присетиме на сите оние кои ставиле печат врз формирањето на нашето училиште. Да се присетиме на луѓето кои многу години од животот посветиле токму на оваа реномирана образовна институција. Оваа вечер му оддаваме почит на еден човек, сопруг, родител, пријател, но и маркантен професор во нашето училиште. Му ја посветуваме оваа вечер на професорот Пеце Митревски.– беше истакнато на самиот почеток на концертот.

На концерттот настапија ученици од класите по соло пеење на неговата ќерка, проф. Магдалена Наумоска и неговите ученички, проф. Маја Митровска, проф. Марина Коруновска, хорот на училиштето под диригенство на проф. Лилјана Трајковска Димевски, во пијано придружба на проф. Александра Јанковска Момировска.

Професорот Митревски е основоположник на пејачката школа во музичкото училиште. Неговата работа ја продолжија помладите поколенија, кои сведочат за цврсто поставените темели на класичното пеење.

Беше човек со големо срце, кој несебично нè учеше на сè што знае. Беше голем човек.

Големите луѓе не умираат, тие живеат вечно-се истакна на крајот на концертот.