Концерт за „ Музика за четврт век“ на Интерфест

0
532

Годинашниот јубилеен Интерфест на класична музика ќе се одржи под името „ Музика за четврт век“. Фестивалот година одлучи да одржи неколку концерти пред официјалното одржување на Интерфест во октомври, најави за Тера телевизија Милица Шперовиќ- Рибарски уметнички директор на фестивалот.

Првиот концерт ќе се случи утревечер во Завод и музеј во Битола со почеток од 20 часот.

На денот на прославата на сесловенските просветители „ Св. Кирил и Методиј“ концерт на      „ Трио Мањаско“ со наслов „Танго, танго,танго“

Триото го сочинуваат врвни интернационални солисти кои настапувале во музички центри на пет континенти.

Џанлука Кампи наречен „ паганини на армониката“, Андреа Кардинале виртуоз на виолина и Алесандро Мањаско пијанист виртуоз.

За концертот влезот е слободен.