Концертот Бела виолина се одржа во Новаци

0
772

Во рамки на Културното лето „Новаци 2016“ целовечерен коцерт „Бела виолина“ одржа Пламенка Трајковска во придружба на Злата Тошевска, Горјана Стојановска и Марко Димовски.
М-р Пламенка Трајковска – виолина, е академски музичар која, своето музичко oбразование го стекнува на ФМУ во класата на Проф. М.Куфојанакис. Од 1994 година таа е постојан член на Македонската филхармонија. Во рамките на коцертот пред публиката се претстави со класична музика и композиции во crossover стил за соло виолина. На концертот беа изведени композиции од албумот Апасионато, латино теми, и македонски традиционални композиции. Дел од композициите беа изведени токму со специјалната бела електрична виолина. Концертот беше збогатен со мултимедијални елементи како специјални светлосни ефекти и видео проекција која преку слики врзани за секоја од композициите допринесе за зголемување на атрактивноста и доближување до публиката.
Концерот се одржа во новоотворениот културен центар на општината, а според програмата превидени се и други културни настани, во рамките на културното лето.
На 26 и 27 јули ќе бидат организирани посебни настани во селата Агларци и Гермијан, на 28 јули ќе се одржи стенд-ап комедијата со театарот „Дел-арте“, а во пресрет на големиот државен и верски празник во селото Граешница ќе биде организиран етно-илинденски концерт.

Манифестацијата „Културно лето Новаци 2016“ завршува на 26-ти август со концерт на македонската етно група „Синтезис“.