Концесиите на ловните терени предуслов за богати ловни предели

0
1118

Развојот на планинскиот и ловниот туризам станува цел на многу спротски и ловни дружтва во земјава, а Македонија како атрактивна дестинација е сé повеќе застапена во побарувањата на странските ловци. Поради богатството со дивеч и прекрасната природа ловните терени на пелагонискиот регион во последно време стануваат вистинска мамка за странските ловци кои тука можат да ја исполнат својата пасија, но од спортско ловно риболовното друштво Сокол од Битола велат дека без концесиите немало да се успее да се врати сјајот на ловот воопшто.

jani

Јани Баљари претседател на СЛР „Сокол“ вели дека тие се првото друштво кое што добило концесија во РМ.

Ловиштата се богати со диви свињи, срни, прелетен дивеч и друго благодарение на грижата на членовите на Сокол.

Јани додава дека планираат од Министерството да побараат да не се испушта дивечот заради жалбите од земјоделците дека свињите им го уништуваат родот.

Од Сокол истакнуваат дека младите ловци пред се се љубители на животните

Баљари дополни дека се радува што младите ловци пред се ги сакаат животните и се грижат за нив.

Неопходна е заштита од ловокрадството, како појава.

Баљари вели ловокрадството го има но кај нас е на многу ниско ниво заради чуварската служба.

Посебно во делот на водостопанската дејност, ова ловно друштво им помага, покрај на животните, и на земјоделците со подобрување на каналската мрежа во Пелагонија.