Конвој руски бродови пловат кон Сирија

0
540

По снимката на руските воени авиони на аеродромите во Сирија кои ги објавија француските медиуми, еве уште еден знак за јакнење на руското воено присуство во таа земја.

Низ Босфорскиот теснец во Истанбул минал конвој руски воени и транспортни бродови и се упатил кон Средоземјето, јавуваат агенциите.

Аналитичарите тврдат дека сообраќајот на руските воени бродови кон брегот на Сирија се засилува уште од август.

Според информациите од истанбул, Русија гради нова поморска база на средоземниот брег на Сирија за да му помогне на режимот на претседателот Башар Ал Асад во борбата против исламистите и поумерените бунтовници.

Во конвојот, според турски извори, на палубите на транспортните бродови биле забележани и воени инженерски камиони со ознаки на проруските сили во Украина. Таканаречената парада на руски воени бродови почнала да привлекува и сѐ повеќе аматерски набљудувачи од Истанбул.

Без коментари

LEAVE A REPLY