Конвој Словенци тргнал од Љубљана кон границата со Хрватска

0
692

„Ги повикуваме сите демократски и солидарни сили да се соберат на граничниот премин Ригонце денес во 18 часот. Да ѝ дадеме на владата на Република Словенија јасна порака дека Словенците се солидарни и дека никогаш нема да станеме гранична диктатура“, се вели во повикот на Антирасистичкиот фронт без граници.

Поворката тргнала од Љубљана во 16 часот, а првите возила почнале да пристигнуваат на словенечката граница со Хрватска во 17 часот.

„Ни границите нема да нѐ сопрат“, се вели на крајот на повикот.

Дел од словенечката опозиција се зазема за отворање на границите за бегалците и емигрантите и поголема солидарност кон нив, придружувајќи се со тоа на критики на јавноста поради суспендирањето на шенгенскиот договор и контролите на границите.

 Сите кои сакаат легално да влезат во Словенија, а доаѓаат од трети земји надвор од ЕУ, тоа не можат да го направат ако немаат важечки документи и шенгенска виза, или дозвола за престој на територијата на ЕУ, предупреди словенечката полиција.
www.mkd.mk