Конзервација на манастирот во Курбиново

0
483

– Проектот за ѕидното сликарство е веќе две години готов, ги помина сите стручни контроли и е одобрен, малку повеќе проблеми се јавија со изработка на проектната документација на архитектурата, затоа што првичните сознанија кои што ги имавме покажаја посериозни истражувања на тлото околу црквата, но може да се констатира дека проектот за конструктивно зајакнување и за конзервација на архитектурата при самиот крај ние ги направивме сите неопходни подготовки и во наредниве денови ќе започнеме со активности од непосредна конзервација, изјави Ристо Палигора историчар на уметност.