Копа Америка: Аргентина во четвртфиналето против Колумбија

0
201

Борбата за титулата на Копа Америка влегува во втората фаза, откако со одигрувањето на мечевите во Ц групата се познати сите четвртфинални двојки.

Дербито на четвртфиналето ќе го одиграат Аргентина и Колумбија, додека бранителот на титулата Уругвај за пласман во полуфиналето ќе се бори со домаќинот Чиле.

Бразил е благ фаворит против Парагвај, додека фаворит нема во дуелот помеѓу Боливија и Перу.

Четвртфиналната програма ќе ја отворат Чиле и Уругвај на 24.јуни, ден подоцна е дуелот помеѓу Боливија и Перу, Аргентина и Колумбија ќе играат на 26.јуни, а последниот меч од четвртфиналето ќе го одиграат Бразил и Парагвај на 27.јуни.