Копа Америка: Чиле се пласира во полуфиналето

0
179

Фудбалерите на Чиле се пласираа во полуфиналето на Копа Америка откако во четвртфиналето, во контроверзен натпревар, славеа над бранителот на титулата Уругвај со 1:0.

Единствениот гол за домаќинот на Копа Америка го постигна Маурисио Исла во 81.минута, а Уругвај мечот го заврши со двајца играчи помалку бидејќи црвени картони добија Квани во 63. и Фусиле во 88.минута.

Клучниот момент на мечот беше исклучувањето на Кавани, кој наседна на провокацијата на домашниот дефанзивец Гонзало Хара.

Чиле во полуфиналето ќе игра против подобриот од мечот помеѓу Перу и Боливија, додека во преостанатите две четвртфинални среби ќе играат Бразил и Парагвај, односно Аргентина и Колумбија.