Коритото на Шемница естетски уредено

0
773

Најкритичниот дел од коритото на реката Шемница за време на зимските поплави е проширено и естетски уредено со природен камен, како превентивен зафат за заштита од поплави. Проектот е реализиран од Центарот за развој на пелагонискиот плански регион и општина Могила со финансиски средства од Бирото за регионален развој.

-Ќе уредиме дополнителни 100-150 метри, така да преку овие интервенции преку нашата институција ќе бидат опфатени окулу 250 метри. Преку бирото за регионален развој годинава инвестиравме нешто над 90.000 евра, а за вгодина планираме да добиеме уште 60.000 евра, вели Емилиа Ѓероска, директор на ЦРППР.emilija

Уредувањето на коритото на Шемница е од големо значење за самата општина затоа што служи како испустен вентил на Хидросистемот Стрежево.

-За наредната година имаме добиено доплнителни количини на нафта па мислам дека во соработка со водостопанските претпријатија и останатите релевантни фактори ќе смогнеме сили да го исчистиме и преостанатиот дел од коритото на Шемница и да бидат безбедни сите оние што имаат имот долж коритото на целата река, вели Стево Пивковски, градоначалник на општина Могила. pivkovski

Со ова уредување во голем дел ќе се намалат ризиците од појава на поплави.

Уреденото корито ќе значи намалување односно точкасто елиминирање на можноста од излевање и поплави на Црна Река и нејзините притоки на квалитетно обработливо земјоделско земјиште. Со изградбата на коритото се придонесува кон зголемување на заштитата на животната средина во Пелагонискиот регион и забрзување на неговиот севкупен развој, подобро управување со природните ресурси во регионот и намалување на ризикот од излевања на Црна Река и нејзините притоки и појава на поплави на земјоделско земјиште во регионот.