Корлевски: Мигранти нема да има

0
1053

– Денешната прес конференција е за кандидатот за градоначалник-пратеникот Илиоски и Раководството на ДПМНЕ. Потенцираме, за пратеникот и раководството на ДПМНЕ, но не и нивните членови бидејќи Тие, како и сите ние во Битола, не веруваат во лажните вести за мигранти
Применувајќи ја својата добро позната стратегија народот да го држат во страв и неизвесност продолжуваат и сега. Па така оние, кои 15.000 наши сограѓани и повеќе од 500.000 сонародници ги направија емигранти низ целиот свет, се дрзнуваат да зборуваат за некакви си кампови и населби за бегалци, па уште ќе организирале и референдум.
Господа од ДПМНЕ, Мигранти НЕМА да има, ниту пак изградба на КАМПОВИ и станови за нив.
Од кога почна бегалската криза низ Македонија имаат поминато преку 1 милион бегалци, а од нив останале на привремен престој во неа само 15. Овај податок многу добро го знаат и во ДПМНЕ, но познавајќи го нивниот метод на манипулација наредно се очекува да органзираат и референдум за марсовци.
Почитувани од ДПМНЕ – не лажете. Бидејќи познато е ТОЈ ШТО ЛАЖЕ И КРАДЕ! А потоа го транспортираат!
Помина времето на замајување на јавноста со невистини, шпекулации и лажни ветувања, изјави Борче Корлевски кандидат за советник на СДСМ и коалицијата

Без коментари