Корлевски за долговите на училиштата

0
892

-Крајно лицемерно е да ветуваат реконструкција на училиштата кои тие ги оставија во енормни долгови. Нивното неодговорно и недомаќинско работење доведе до тоа повеќе од  10 училишта да останат со блокирани сметки.

На почетокот на 2017-та долгот на Медицинското училиште изнесуваше  20 милиони денари,  Крсте Петков Мисирков – 15 милиони денари, Таки Даскало  – 11 милиони денари, Коле Канински 11 милиони денари, Елпида Караманди 7 милиони денари и уште многу други  кои останаа со натрупани долгови, додека вкупниот долг на сите училишта изнесуваше 107 милиони денари, или во превод  1.700.000 евра, изјави Борче Корлевски, кандидат за советник на СДСМ и коалицијата.

Без коментари