Кошаркарите на Пелистер испаднаа во Втората лига

0
471

Кошаркарите на Радовиш следната сезона ќе играат во Првата македонска лига. Екипата на Радовиш славеше победа со 81-67 во дуелот против Карпош, а во рамките на претпоследното 17. коло во Втората лига.

Со оваа победа екипата на Радовиш го осигура второто место на табелата, па заедно со првопласираниот тим на Гостивар следната сезона ќе биде дел од Првата македонска кошаркарска лига.

Во прволигашката конкуренција и следната сезона ќе играат и екипите на Струмица и АВ Охрид кои во плејаут конкуренцијата зад себе ги оставија Пелистер и Вардар кои ќе се преселат во Втората лига.