Кошаркарите повторно поразени: Овој пат подобри беа Латвијците во Рига

0
472

Кошаркарската репрезентација на Македонија загуби од Летонија во последниот подготвителен натпревар пред Евробаскетот. Во Рига, Летонија славеше над Македонија со 85:69. Дуелот со Летонија, Македонија го одигра без тројца играчи: Хендрикс, Трајковски и Симоновски. Самарџиски со 13 кошеви беше најефикасен македонски играч, 11 поени постигна Костоски, а по 10 запишаа Илиевски и Дамјан Стојановски. Македонската репрезентација од недела ќе биде во Скопје каде ќе ги финишира подготвките за настап на Евробаскетот.