Кошулата на Ел Чапо светски хит

0
330

Имено, откако во јавноста излезе фотографијата на која наркобосот се ракува со Шон Пен, почна вистинска „манија“ по кошулата што ја носел за време на интервјуто со американскиот актер.

Фотографијата се појави на сајт што продава машка облека  „Барабас“ со натпис „најбарана“, а мажите може да ја купат за 117 евра.

Оваа реклама беше и повеќе од успешна со оглед  на тоа дека интересот за овој модел е огромен. Но, како што се наведува, за кошулата не се заинтересирани само мажите туку и жените, кои ги интересира каде може да пронајдат женски модел на ова парче облека.