Косово да стане членка на УНЕСКО е неприфатливо за Србија

0
281

Косово неможе во УНЕСКО. Ова стои во писмото што српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ го упати до генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун по повод намерата Косово да стане членка на УНЕСКО.

Српскиот министер за надворешни работи нагласува дека за Србија е неприфатливо Косово да стане член на УНЕСКО бидејќи земјата, односно поранешната покраина на Србија, не може да се смета како држава.