Косово испрати протесна нота до Црна Гора поради палењето на знамето

0
399

Министерството а внатрешни работи на Косово прати протестна нота до Црна Гора поради палењето на косовското и на албанското знаме во Подгорица, што се случи во четвртокот.

Министерството бара сторителите на тоа кривично дело да се најдат и да се казнат.

Шефот на косовската дипломатија, Петрит Селими, вели дека добиле официјален одговор од Црна Гора дека се работи за вандализам чии актери ќе бидат строго казнети/

Селими вели дека таквите дела нема да влијаат на односите меѓу Косово и Црна Гора.

„Односите со Црна Гора се партнерски и добрососедски Радикалните екстремисти во Црна Гора долги години се обидуваат да ги нарушат добрите односи, но до тоа нема да дојде“, вели Селими, пишува порталот Malesia, пренесува RTCG.

Знамињата на двете држави беа запалени во четвртокот пред Капитол Плаза во Подгорица./крај/мф/бб