Косово не е во опасност од терористички напади

0
224

Косовскиот заменик-министер за внатрешни работи Нехат Мустафа изјави дека Косово не може да биде цел на терористички напади, како оние што се случија во Истанбул, Париз и во Бангладеш.

Неговата изјава следува по онаа на косовскиот бискуп Дод Ѓерѓи, кој на мисата посветена на жртвите од нападите во Истанбул и Бангладеш предупреди дека многу набрзо Приштина, Тирана и Скопје може да бидат погодени од идентични терористички напади.

Мустафа додаде дека сите статистики говорат оти Косово не е во опасност од вакви напади.

– Статистиките со кои располага косовската полиција, косовската тајна служба и меѓународните партнери покажуваат дека Косово не е и не може да биде база на вакви терористички напади – изјави Мустафа.