Косово се откажа од барањето за членство во УНЕСКО и Интерпол

0
174

Приштинските власти синоќа соопштија дека се откажале од барањето на Косово за членство во УНЕСКО и во Интерпол.

Косовското Министерство за надворешни работи соопшти дека „прагматичното одложување“ на барањето на Приштина за членство во Интерпол и во УНЕСКО е засновано врз целосна и блиска соработка со САД, Британија, Франција, Германија и Италија.

– Министерството за надворешни работи оценува дека тие акции придонесуваат за зајакнување на меѓународната положба на Косово, натамошно унапредување на односите со партнерските и сојузничките земји, гарантирање безбедност и унапредување на мирот во регионот, се наведува во соопштението.

Без коментари