Косовската опозиција најавува протести за законот за демаркација

0
340

Косовските опозициски партии најавија остар отпор за владината намера утре на Собранието да му го предаде законот за демаркација со Црна Гора, јави Танјуг.

Двете најголеми опозициски партии, движењето „Самоопределување“ и Алијанса за иднината на Косово, најавија дека на следната седница на собранието, како и во претходните случаи, ќе пружат силен отпор за процесуирање на предлог законот за демаркација, не најавувајќи ги методите и начините за спротивставување.

Пратеникот на движењето „Самоопределување“, Реџеп Сељими, изјави дека нема да ги открива формите на отпор, чекајќи прво Владата да го открие својот план и заради тоа што власта може со мерките за заштита да го сузбие отпорот на опозицијата.

Шефот на парламентарната група на Алијанса за иднината на Косово, Паљ Љекај изјави дека премиерот Иса Мустафа сака преку демаркацијата да го продолжи мандатот на сегашната влада.