Косовската опозиција протестира на денот на независноста

    0
    313

    Косовската опозиција денес во Приштина, кога се навршуваат осум години од прогласувањето на независноста на Косово, протестира против најавеното формирање на Здружението на српските општини и демаркацијата на границата со Црна Гора.

    Полицијата претходно предупредија дека овој протест може да доведе до насилство и загрозување на сигурноста, без исклучување на употребата на огнено оружје.

    “Врз основа на протестите што се случија во минатото и проценката на ситуацијата, косовската полиција има сознанија кои укажуваат на тоа дека за време на протестите некои поединци може да користат оружје што може да да предизвика насилство и да ја загрози безбедноста на граѓаните и припадниците на полицијата”, соопшти полицијата.

    Без коментари

    LEAVE A REPLY