Косовската полиција уапси тројца осомничени за тероризам

0
890

Косовската полиција на граничниот премин со Македонија, „Генерал Јанковиќ“, уапси тројца осомничени за тероризам. Повикувајќи се на порталот Коха нет, Танјуг јави дека тројцата се уапсени затоа што има сомневања дека сториле кривично дело огранизирање и учество во терористики групи.

Осомничените се уапсени кога излегувале од Македонија. Тука ги вратиле турските власти. Полицијата правела претрес на две локации и нашла релевантни докази. Тројцата уапсени ќе бидат во притвор 48 часа.