Косовската претстава најдобра на Актерот на Европа во Преспа

0
413

Заврши 15-то јубилејно издание на Интернационалниот театарски фестивал – Актер на Европа 2017. Во изминатите шест дена ресенската публика имаше можност да проследи седум тетарски дела со актери од Романија, Србија, Хрватска, франција, Грција, Косово и Македонија.

Наградата Гран при за најдобра претстава во целина се додели на претставата, Анонимос Венис“ , по текст на Џузепе Берто, во режија на Дрита Беѓоли од театарот Додона, Приштина.

Наградата за најдобра улога на фестивалот ја освои Снежина Петрова, актерка од Република Бугарија за нејзиниот монодрамски настан . ,, Не јас“ работен по мотиви на Семјуел Бекет.

Наградата за креативна, жива , комуникативна, актерска игра и исклучителна интеракција со публиката, со трансформација и игра која воодушеви жирито ја додели на монодрамата ,, Животот е лото “ во изведба на Моника Ромиќ. Традиционалната награда што го носи името на легендарниот театарски деец, Жак Лакариер, кој се вгради себе си во темелите на фестивалот, годинава и припадна на Француската престава ,, Екстремофил“ . Со претставата “Идиот” студентите од Букурешкиот Универзитет ја освоија наградата “Млада Европа”, додека пак наградата Наум Манивилов Преспански ја освои Штипскиот Народен Театар за делото ” Отворач на Конзерви”.

На затворањето на фестивалот , Градоначалникот Стрезовски истакна дека со секое завршување на фестивалот останува исчекувањето за секој нов нареден фестивал и дека секое ново издание на Актерот на Европа се повеќе ја зацврстува оваа културна манифестација со обединувачки карактер во мапата на значајни културни збиднувања .

Без коментари