Косовски Албанец осуден на осум години затвор за воено злосторство

0
246

Меѓународниот суд го осуди во понеделникот косовскиот Албанец Џемшит Красничи, поранешен припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК – УЧК) на осум години затвор поради воено злосторство над српските цивили во текот на судирите од 1998/1999 година, соопшти Мировната мисија на Европската унија на Косово (Еулекс).

Судот го осудил Красничи за „незаконско затворање, измачување, нанесување повреди на сведоци и цивили во камповите на ОВК во Албанија и на Косово“, се наведува во соопштението.

Судирот кој траеше од 1998 до 1999 година во кој загинаа речиси 14.000 луѓе, а беше завршен со интервенцијата на НАТО во 1999 година со што беа принудени на повлекување српските сили. Албанските власти во Приштина подоцна во 2008 година, со поддршка на САД и главните членки на ЕУ еднострано прогласија независност на поранешната јужна српска покраина Косово и Метохија.

Мисијата Еулекс започна да дејствува неколку месеци по прогласувањето на косовската независност со задача да помогне во градењето на државата и решавање на особено чувствителните прашања./крај/мф/мн