Косовски хакер поврзан со IS осуден на 20 години затвор во САД

0
228

Хакер од Косово кој беше обвинет за кражба на лични податоци на стотици Американци за со нив да се користи ултрарадикалната сунитска групација Исламска држава (IS), осуден е во петокот во САД на 20 години затвор.

Ардит Феризи е прогласен виновен дека на челник на Исламската држава во јуни 2015 година му предал список со 1.300 имиња на луѓе коишто работеле за американската војска и за владата.

Американското министерство за правосудство во соопштението објавено во петокот, се истакнува дека Феризи е пример за „сериозна и стварна опасност со којашто информатичкото пиратство и тероризмот ѝ се заканува на националната безбедност“.

Дваесетгодишен Фаризи кон средината на јуни годинава пред американскиот сојузен суд ја призна вината по обвинението за хакирање лични податоци на повеќе од илјади вработени во американската војска. Ардит Феризи, попознат во хакерските кругови како Th3Dir3ctorY, ја призна вината и за пристапување кон и за кражба на информациите од заштитен компјутер без авторизација, знаејќи дека тие планираат тоа да го искористат против тие лица да изведат терористички напади.

Ферези е уапсен од полицијата на Малезија кон средината на септември минатата 2015 година, по добиена информација од американските власти, кои го осомничија дека претходно во јуни незаконски прибавил лични податоци на повеќе од 100.000 американски државјани, војници и вработени во федералните служби.

Косоварот во Малезија влегол во август 2014 година за студирање компјутерски и форензички студии, и се верува дека е лидер на косовската хакерска група наречена Kosova Hacker’s Security (KHS)./крај/мф/сн