Косовски противник за ЖРК Пелистер

0
759

Ракометарките на ЖРК Пелистер го дознаа противникот за второто коло на Челинџ Купот, кое ќе се игра во ноември. Тие ќе се сретнат во двомеч со косовската екипа Шкипоња, со тоа што првиот меч ќе се игра во Битола, а возвратниот на Косово. Добра ждрепка имаа и останатите македонски клубови и во машка и во женска конкуренција.

 

Челинџ куп (мажи): РК Пролет (Македонија) – Сасја (Белгија)

ЕХФ-куп (мажи): Бозен Локер (Италија)/Хаукар (Исланд) – Зомимак (Македонија)

 

КПК (жени): Вестфрисленд (Холандија) – ЖРК Металург (Македонија)

Челинџ куп (жени): ЖРК Пелистер (Македонија) – Шкипоња (Косово)

Челинџ куп (жени): ЖРК Вардар јуниор (Македонија) – Лондон Ејнџлс (Велика Британија)