Косовското Собрание во петок го бира новиот претседател на Косово

0
494

Во петок Собранието на Косово ќе изврши избор на новиот косовски претседател, одлучи претседателството на Собранието, пренесуваат косовските медиуми.

Кандидати за претседател се лидерот на Демократската партија на Косово, Хашим Тачи  и пратеникот од ДПК, Рафет Рама.  Преставници на Собранието нагласиле дека се извршени сите подготовки за избор на нов претседател.

Претседателот на Собранието, Кадри Вејсели изјавил дека петок е историски ден за Косово, бидејќи претставниците на народот го бираат својот претседател на Косово.

Од друга страна опозицијата, пак, најави општонародни протести. Албин Курти од  Самоопределување изјавил дека народот треба да излезе на улица за да се спречи изборот на претседателот на Косово, бидејќи според него, овој избор само ќе ја продлабочи кризата во земјата./крај/мф/мн