Косовците навалија по биометриски пасоши

0
445

Видно зголемен интересот за добивање косовска биометриска патна исправа откако беше објавена препораката на ЕК за визна либерализација на граѓаните на Косово.

-Пред шалтерите за доставување документи веќе се создадоа редици граѓани кои чекаат за да достават барање и да се фотографираат за  косовска патна исправа,пишува „Зери“.

Според истиот извор,без оглед што Еропската комисија препорача укинување на визите за граѓаните на Косово за земјите од ЕУ, техничкиот процес, до движењето без визи, може да потрае до три месеци.

Како што вчера јавија косовските медиуми високата европска претставничка Федерика Могерини и комесарот за миграција Димитрис Аврамопоулос, при прстојот во Приштина, одбиле да дадат точен датум кога косовските граѓани ќе може да патуваат без визи во земјите на ЕУ.