Коста Дупчинов со прва награда за фотографија

0
399

Во рамките на 53-тото издание на Денови на македонска фотографија, беа изложени 112 фотографии од 46 автори.

Главна карактеристика на овогодинешната манифестација, се фотографии од млади автори.

Стручното жири додели награди и дипломи за колекција на фотографиии за поединечна фотографија.

Првата награда отиде во рацете на битолскиот фотограф Коста Дупчинов од Фото кино клубот Битола.

Втората награда му припадна на Раде Луковиќ од фото клубот Елема, третата на Ивона Кочов од Битола.