Коста Крпач, кој пукал во Капиштец, најден е мртов во неговиот стан

0
1400

Полицијата го идентификува телото пронајдено во стан во скопската населба Капиштец, од каде што попладнево било пукано. Се работи за Коста Крпач (40) за кој медиумите велат дека беше помилуван од претседателот на државата.

Полицијата го пронашла телото на Крпач откако се посомневала дека токму од неговиот стан попладнево било пукано во паркираното комбе на улицата „Народен фронт“. Се претпоставува дека станува збор за самоубиство.

Коста Крпач беше академски сликар.

Пред зградата на паркингот до Цветниот пазар во Капиштец се наоѓа и комбито со скопски регистерски таблички во кое било пукано околу 13,30 часот.

Крпач бил пронајден со прострелна рана во градниот кош.

Медиуите јавуваат дека тој бил сопстевник на една новинска агенција, но агенцијата која беше посочена во медиумите, демантира дека тој бил нејзин сопственик.